Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје сосема неочекувано загуби од Динамик во СЦ „Јане Сандански“ со 82-84 во рамки на 20.коло од АБА 2 конкуренцијата.

„Штрковите“ во текот на целиот меч беа во негатива, а растеретените гости го искористија слабиот ден на македоснкиот претставник.

Првиот дуел меѓу овие два тима заврши со победа на МЗТ од 82-92. Со овој пораз „аеродромци“ останаа на втората позиција на табелата, но Сплит сега има ист број на бодови како и МЗТ, додека Борац е суверено на првата позиција.