Во просторитиите на Кошаркарската федерација на Макеонија денеска беше одредена ждрепката за новата сезона во Првата кошаркарска лига. Новата ситуација и откажувањето на АВ Охрид од настапот во Првата лига донесе нова ждрепка, а во првото коло шампионот МЗТ Скопје ќе му гостува на Кожув во најинтересниот меч.

Нашиот најтрофеен кошаркарски колектив Работнички во првата рунда ќе патува во Аеродром каде ќе ги одмери силите со вториот тим на „металците“. Покрај овие дуели се играат уште натрпеварите меѓу Вардар – Еуро Никел, Гостивар-Академија ФМП и Куманово-Пелистер.

Првото вечно меѓу Работнички и МЗТ ќе се игра во „Градски Парк“ во рамките на седмото коло.