Екипата на МЗТ Скопје го обезбеди последното полуфинално место во Купот на Македонија откако предмалку кошаркарите од Аеродром беа подобри од екипата на Куманово 100-84 и ќе се сретнат со екипата на ФМП Академија во борба за финалето.

Екипата од Аеродром по првата четвртина имаше водство од 24-13 со што ја најави победата против „кумановци“.

МЗТ Скопје продолжи со исто темпо и во втората четвртина па на одмор „штрковите“заминаа со предност од 50-35.

Екипата на Куманово се консолидираше во вториот дел и со подобра игра успеаа да го вратат резултатскиот егал на мечот , односно во 34.минута дојдоа до негатива од 2 разлика.

МЗТ Скопје сепак успеа да се соземе и со серија од 17-4 дојде до двоцифрена разлика (96-81) за пласман во полуфиналето.

Стојановски заврши со 20, Гравет  со 16, а за Куманово најефикасен беше Ливингстон со 27 поени.