Македонскиот кошаркарски шампион екипата на МЗТ Скопје Аеродром, го ангажира првото странско засилување во пресрет на новата сезона, откако денеска потпиша договор со кенискиот интернационалец Нуни Омот кој има 24 години и е висок 206 сантиметри.

Станува збор за исклучително квалитетен крилен центар, кој одлично се снаоѓа и на позицијата „3“.Тој веќе знае како е да се биде дел од НБА-екипа, со оглед што минатото лето прво настапи на пет средби во Летната лига во дресот на Голден Стејт Вориорс, а потоа беше дел од тренинг кампот на Бруклин Нетс.

Омот во последната сезона во НЦАА-лигата на 34 средби имаше просек од 9,9 поени, 3,6 скока и 1,7 асистенции.