Клубот во кој тренираше повеќе години и мина неколку возрасни категории Никола Христовски, со објава на официјалниот профил на Фејсбук се прости со нивниот поранешен играч.

„Сѐ уште не можеме да веруваме дека тој повеќе нема да биде со нас, а вечно ќе се сеќаваме на моментите од изминативе неколку години кога можевме да го видиме неговиот секогаш ведар лик на тренинзите на нашата младинска школа. Тренерите кои работеа со него секогаш ќе го потенцираат неговиот ентузијазам и љубов кон кошарката и кон МЗТ Скопје Аеродром.“ – соопштија од МЗТ Скопје Аеродром.

Никола Христовски вчеравечер беше нападнат и прободен со нож по што почина на 17 годишна возраст. Напаѓачот е пронајден и уапсен.