Екипата на МЗТ Скопје успеа да слави над Еуро Никел на гостувањето во салата Јасмин со кои се приближија до самиот врв на табелата.

Доколку ги добијат последните два меча, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром може да сметаат дури и на бројот 1 пред стартот на плеј-офот во Првата лига.

Играчите на Дарко Радуловиќ дојдоа до победа  во дербито со Еуро Никел 2005 славејќи со резултат 96:81, иако по првата четвртина водеа домаќините по првото полувреме со 48:45.

На денешниот меч во победничките редови доминираше Магдевски со 19 поени, четири помалку запиша Карачиќ. На спротивната страна 18 коша беа дело на Рикиќ , а 17 поени забележа Соколов додавајќи шест скока, но и четири загубени топки.

 

Табела: Пелистер 37 бодови, Еуро Никел 37, Работнички 36, МЗТ Скопје Аеродром 34, Гостивар 33, ТФТ 33, ФМП Академија 33, Кожув 32, Куманово 31, МЗТ Скопје Уни Банка 28, Вардар 25, Црн Дрим 22.