Екипата на МЗТ Скопје успеа да дојде и до вториот триумф сезонава откако ја совлада екипата на Еуроникел на гостински терен со резултат 75-59.

Во еден возбудлив и неизвесен меч екипата од Аеродром успеа да ја однесе победата откако беше подобра од Кавадарчани во самиот финиш.

Домаќините добро го отворија мечот и успеаа да ја добијат првата четвртина со 21-17 , па во вториот период, па тимот на МЗТ успеа да се „реанимира“ и да направи пресврт, заминувајќи на пауза со позитивен резултат од плус десет поени (32-42).

Кавадарчани повторно на стартот на вториот дел успеаа да фатат резултатски приклучок , дури и успеаа да поведат со 50-49 , но тоа беше се што направија. МЗТ во последниот период успеа да го сврти резултатот и да поведе со шест разлика , што до крајот на натпреварот успешно го сочува.

Дамјан Стојановски беше прво име кај „штрковите“ додека кај домаќините се истакна Џонатан Дејвис и Бранислав Џекиќ со 13 поени.