Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром денеска и утре ќе одиграат две контролни средби против најсилниот бугарски тим, Левски Лукоил.

Првиот дуел е закажан за вечерва со почеток во 19 часот, а утрешниот со почеток во 14 часот. Двата натпревари ќе се одиграат во салата „Јане Сандански“ и тоа без публика, поради забраната поврзана со пандемијата со коронавирусот.