Откако беше поразен од Куманово, МЗТ Скопје и денес запиша нов пораз, овојпат на гостувањето кај Црн Дрим со 90:88 во рамки на последниот дуел од регуларниот дел од сезоната.

Гостите од Аеродром по слабите три четвртини, шанси за триумф имаа само во третата, која ја добија со резултат 30:18.

Во фотофинишот, сепак домаќините правејќи серија од 6:0, најпрво се доближи резултатски, а потоа го презема и водството за значаен триумф на мечот.

Кај домашниот состав, најпрецизни беа Стаменковиќ и Соколовски кои постигнаа 38 поени севкупно, додека на спротивната страна најпрецизен беше Бојиќ кој запиша 20 поени.

За потсетување, во плеј-офот, Гостиварци ќе играат против екипата на МЗТ Скопје, а доколку „Штрковите“ триумфираат во овој меч, ќе играат против подобриот од дуелот помеѓу Пелистер и Академија ФМП.