Во кошаркарската Евролига за прв пат оваа година ќе се натпреваруваат вкупно 18 екипи.

Првото коло од новата сезона е закажано на 3 октомври со мечот помеѓу Химки Москва и Макаби Тел Авив.

Во првата рунда ја имаме и првата мега пресметка помеѓу двата кошаркарски гиганти Реал Мадрид и Фенербахче.

Минатогодишното пријатно изненадување турски Анадолу Ефес ќе игра против новиот дрим-тим на Барселона.

Бранителот на титулата ЦСКА Москва во првото коло ќе гостува кај шпанската Валенсија. Завршниот турнир оваа година ќе се игра во германскиот град Келн од 22 до 24 мај 2020 година.