Сенегалецот Тако Фол е највисок играч во НБА лигата со 226 сантиметри, ќе мора да причека на деби за Бостон Селтикс откако доби потрес на мозокот.

До несреќниот момент дошло кога Фол ги миел рацете, невнимателно се свртел и ја повредил глвата од понискиот дел од таванот во соблекувалната.

Фол поради ова не настапи за Бостон на средбата со Филаделфија, прва во новата сезона.

Сенегалецот е под лекарска контрола и се очекува брзо да се врати на тренинзите и да биде во комбинација за натпреварите на Бостон.