Турски Фенербахче се чини ја добива битката за Нандо Де Коло, откако Обрадовиќ успеа да го „убеди“ францускиот бек да остане во Европа.

Според шпекулациите, Де Коло требаше да замине во НБА лигата ова лето, но најверојатно ќе го засили турскиот гигант.

Фенербахче мораше да реагира брзо, откако ги загуби Николо Мели и Марко Гудуриќ (и двајцата заминаа во НБА лигата), па го осигураа потписот на еден од најбараните играчи во Европа во моментот.

Де Коло пет години настапуваше за ЦСКА Москва, каде си ја „зацементира“ својата репутација како еден од најдобрите шутери во Европа.