Францускиот кошаркарски реппрезентативец Нандо де Коло објави дека си заминува од редовите на актуелниот европски кошаркарски шампион ЦСКА од Москва .

„Освоив се што можеше да се освои со ЦСКА. Сега ќе треба да си најдам нов предизвик и повторно да се борам на највисоко ниво“  изјави Де Коло за клупската веб-страница.

Францускиот ас пристигна во ЦСКА во 2014 година, откако во НБА-лигата настапуваше за Торонто и за Сан Антонио. Тој со ЦСКА освои две титули во Евролигата.

Реал Мадрид се обидува да го убеди Де Коло на преселба во Шпанија, но сериозна опција за Французинот е и враќање во НБА лигата . Оваа е второ заминување од таборот на европскиот шампион, откако претходно си замина и Кори Хигинс, кој се пресели во редовите на Барселона.