Македонската кошаркарска репрезентација во „балонот“ во Талин ги игра квалификациите за Европското првенство со Естонија и Италија.

Преноси од средбите на Македонија утре и во понеделник ќе можеме да следиме на регионалниот спортски канал Спортклуб, со коментар на хрватски јазик.

Веќе стана пракса со чест на мали исклучоци, натпреварите на нашите репрезентации и клубови на меѓународна сцена да ги следиме со коментар на Хрватски или Српски јазик, државата не сака да ја регулира оваа свфера од нашето живеење.

Првиот натпревар го играме утре од 15 часот со пренос на Спортклуб 3.