Кошаркарската федерација на  Македонија официјално потврди дека сите натпревари кои се во организација на федерацијата ќе се одиграат без присуство на публика.

Ова доаѓа по добиената препорака од Владата на Република Македонија до сите спортски институции, натпреварите во периодот до 6. март 2020 година да се играат без присуство на публика поради појавата на првиот случај со коронавирусот во земјата.

На својата 11.седница, Владата на Република Македонија препорача да се откажат масовните јавни собири до 6 март, а спортските натпревари да се играат без публика, по предлогот на министерот за здравство Венко Филипче.