Спортските љубители на НБА лигата изминативе неколку сезони имаа можност да ги следат најважните натпревари од лигата на спортската телевизија „Спорт Клуб“, но од новата сезона, правата за следење на натпреварите од најсилната кошаркарска лига на светот ќе ги има ” АРЕНА СПОРТ ”

НБА, Телеком Србија и телевизијата „Арена Спорт“ веќе најавуваа вакво сценарио, а ова попладне само ја споделија официјалната вест за почеток на повеќегодишна соработка,

” Да се биде дел од НБА семејството е еден од најважните чекори во оваа работа, без разлика дали сте играч или медиумска куќа “ изјави генералниот директор на „Арена Спорт“, Небојша Жугиќ.

Во официјалната објава, се нагласува дека „Арена Спорт“ ќе покрие повеќе од 200 директни преноси во текот на сезоната, ќе има од пет до осум натпревари неделно, а во пакетот се вклучени и специјални емиции, гости и награди за фановите и љубителите на НБА лигата.