Кошаркарот Дарен Колисон се откажа од НБА кариерата по 10 сезони за да се посвети на верата. Досега тој играше во Индијана, а во НБА е од 2009 година.

„Иако ја сакам кошарката, знам дека постои нешто поважно, тоа се моето семејство и верата. Јас сум јеховин сведок, верата ми е сѐ. Толку многу уживам во волонтирањето, во помагањето на другите. Тоа уживање не може да се измери, затоа се простувам од НБА лигата.“ – истакна Колисон.

Во кариерата Колисон заработи 43 милиони евра, а ова лето од новиот договор можеше да инкасира околу 10 милиони долари.