НБА лигата е во мирување по првиот позитивен на коронавирусот во март, Хјустон ги враќа кошаркарите на тренинг по речиси три месеци пауза, го отвара тренинг центарот.

Властите во Тексас ги олабавија мерките и Хјустон го отвара тренинг центарот од утре, кошаркарите се враќаат во тренажен процес, за натпревари засега нема одлука од НБА лигата.

На тренинзите ќе мора да се почитува медицинскиот протокол, еден тренер ќе работи со еден играч, мора да се носат маски, да зе дезинфицираат соблекувалните а на играчите ќе им бидат направени корона тестови.