Адам Силвер, комесарот во НБА лигата,  објави дека наградата за МВП на Ол-стар натпреварите во иднина ќе го носи името  недоамна трагично загинатиот Коби Брајант.

Брајант во минатото четири пати го добиваше ова признание на Ол-стар натпреварите, НБА сега во негова чест реши МВП признанието да го носи неговото име.

Воедно вечерва во Чикаго, екипите на дресовите ќе ги носат бројките 24 и 2.