Двајца играчи на Бруклин се позитивни на Ковид-19, објави клубот во пресрет на рестартот на сезоната.

ДеАндре Џордан и Спенсер Динвиди се играчите кои се заразени со коронавирусот.

Двајцата одат во самоизолација во следните две недели, Бруклин нема да ги има за рестартот на сезоната, клубот се уште не започнал со тимски тренинзи.