Како што пишува Адриан Војнаровски раководството на НБА лигата на почетокот од следниот месец  ќе објави пртокол по кој клубовите ќе можат да се вратат на колективен тренинг.

Вонјаровски тврди дека околу 1. јуни НБА лигата ќе им дозволи на клубовите да одржуваат тренинзи а потоа чекор по чекор ќе се реализира планот за одигрување на натпревари.

Проблем е задолжителниот карантин, играчите од НБА лигата кои се вратија во Европа ќе мора да ги почитуваат правилата, прблем се јавува и со пристигнувањето во Америка.

Лука Дончиќ е во Европа потенцира Војнаровски, тој е пример дека некои  ѕвезди нема да можат да се вратат во САД доколку администрацијата на Претседателот Доналд Трамп не помогне технички.

Постојат две опции каде може да се доигра сезоната, Лас Вегас и Орландо со Дизниленд се местата  каде може да се организираат натпревари.