Оклахома го трејдувала  својот најдобар играч Расел Вестбрук  во Хјустон Рокетс,  ова го соопшти познатиот новинар Адријан Војнаровски на твитер.

Оклахома  во оваа замена со Хјустон го добила плејмејкерот Крис Пол. Војнаровски додаде дека Вестбрук и неговиот менаџер долго време работеле  со генералниот менаџер на Оклахома, Сем Прести со цел да го завршат неговиот трејд во Хјустон.

Според Војнаровски, пресудна била  желбата на Вестбрук повторно да игра со Харден кој три години му беше соиграч во досегашниот тим.