Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ наскоро може да го напушти Хувентут и да се пресели во друг шпански прволигаш.
Според последните најави, во игра се Валенсија и Басконија, двата клуба кои беа дел од Евролигата оваа сезона. Младиот плејмејкер и предходно се споменуваше со премин во Валенсија но досега ништо од тоа не се реализираше.
Димитријевиќ оваа сезона одигра одлично во дресот на Хувентуд со просек од 8 поени, 3,3 асистенции и 1,7 скокови по натпревар во шпанската лига, статистиката му е подобра во натпреварите од Еврокупот, каде има по 12 поени по натпревар.
Comments are closed for this post.