Македонските репрезентативци, Ненад Димитријевиќ и Џејкоб  Вајли беа во главните улоги на дуелот во Сарагоса кој го доби Хувентуд 100:95 .

Исклучително ефикасен меч одиграа екипите на Касадемонт Сарагоса и Хувентуд во рамките од 25. коло од шпанската „Ендеса“ лигата.

Особено интересен, ако се знае дека на едната страна, во домашната екипа играше Џејкоб Вајли, додека пак на другата, во екипата на Хувентуд играше неговиот репрезентативен колега, Ненад Димитријевиќ.

И што е особено битно, двајцата македонски репрезентативци беа во главните улоги.

Новиот играч на тимот од Сарагоса го одигра третиот меч во новиот дрес. И имаше одлично издание. Го заокружи со дабл-дабл ефект од 21.поен (9/16 во шутот од поле,3/4 од линијата за слободни фрлања), плус и десет скока и едно успешно додавање за 26:29 минути на теренот.

На другата страна Ненад Димитријевиќ дојде до скор од  19.поени (2/3 за три, 6/9 за два и 1/2 за еден поен), пет асистенции и еден скок за 25:25 минути во игра.

Меч по кој Хувентуд има скор од 13-10, доволен за седмото место на табелата, додека пак Сарагоса останува на ефект (10-13). За 11 место во вкупниот поредок на „Ендеса“ лигата во Шпанија.