Легендата на Далас и Фенис, Стив Неш смета дека Маверикс во Дончиќ и Порзингис имаат одлична основа да во иднина целат на шампионсиот прстен.

„Мислам дека овој период е возбудлив за фановите на Маверикс. Имаат двајца неверојатни играчи кои треба да доминираат во годините кои доаѓаат. Битно е само како ќе се вклопат, а тоа за брзо ќе го видеме. Ова е нова ера за Далас по онаа на Новицки кој иако знаев дека има квалитет никогаш не очекував дека ќе стане еден од најдобрите кошаркари на сите времиња“-изјави Канаѓанецот.

Новата НБА сезона започнува на 22 октомври, а Маверикс ќе имаат исклучително тешка задача да бидат меѓу најдобрите 8 на западот, по големите инвестиции што ги направија пред се тимовите од Лос Анџелес.