Американскиот кошаркар Хасани Гравет, е најновото засилување на МЗТ Скопје Аеродром за новата сезона, откако денеска потпиша едногодишен договор со „штрковите“.

Станува збор за одличен плејмејкер, кој лани во август потпиша договор со НБА-екипата на Орландо меџик, за која, сепак, не заигра, со оглед што беше префрлен во филијалата на овој тим во Џи-лигата,

Тој во втората по квалитет професионална лига во САД, просечно реализираше 11,7 поени со 4,1 скок и 3,4 асистенции. Претходно, универзитетската кариера ја почнува во Пенсакола стејт, од каде што по една година преминува во Јужна Каролина, со која веќе во првата сезона доаѓа до фајналфор-турнирот во престижната НЦАА-лига.