Картичка од НБА ѕвездата Леброн Џејмс издадена во 2003 година е продадена за 5.2 милиони долари. Се работи за доста ретка картичка.

Постојат само 23, а издадени се во 2003 година, во првата сезона на Леброн во НБА лигата, кога играше за Кливленд Кавалирс. На вредност доби затоа што на неа е потпишан самиот Леброн Џејмс.

„Бидејќи се достапни толку малку, а побарувачката станува се зголемува од ден во ден, оваа картичка станува најголем бисер во инвестициите во спортски картички“– велат од „PWCC“, веб страница која се занимава со трговија на спортски картички.

Со оваа продажба израмнет е рекордниот износ за продадена картичка од легендарниот бејзбол играч Микеј Мантли од 1952 година. Купецот остана анонимен.

Порано оваа година за високи суми се продадени и картички од Том Брејди и Коби Брајант од нивните први сезони во НФЛ, односно НБА. За Брејди беа платени 2.25 милиони долари, додека за картичката од Брајант 1.8 милиони долари.