Србија со одлична игра во второто полувреме ја совлада Чешка со 90-81 и го освои 5. место на Мундијалот во Кина.

Чешка беше извонредна во првото полувреме, постигна дури 50 коша и првиот дел го заврши со позитива од 9 разлика.

Пеколно второ полувреме на Србија, извонредна игра и победа која сепак не им донесе пласман кој го очекуваа, ја прекинаа серијата на освојување на медали а ќе играат и дополнителни квалификации за настап на Олимписките игри во Токио 2020.

Милутинов беше најефикасен кај Србија со 14 поени на што придодаде и 7 скокови.