Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Грег Попович, соочен со секојдневните откази се одлучи да повика нови шест кошаркари кои ќе ги продолжат подготовките за настапот на Светското првенство во Кина.

Секој ден по еден,па така продолжи тенденцијата и денес откако откажа и кошаркарот на Денвер Нагетс Пол Милсап.

Претходно од настап на Мундобаскетотот се откажаа уште и Ентони Дејвис, Џејмс Харден, Бредли Бил, Ерик Гордон, Си Џеј Меколум, Демиен Лилард, Тобајас Херис, Демар Дерозан, Кевин Лав и Зајон Вилијамсон.

Поради тоа лудиот Србин како што го нарекуваат Попович беше приморан да повика дури шест нови кошаркари, Џејлен Браун и Маркус Смарт од Бостон, Монтрез Харел од ЛА Клиперс, Мејсон Пламли од Денвер, Џулиус Рендл од Њујорк и кошаркарот на Чикаго, Тадеус Јанг.

Подготовките на репрезентативците на САД кои ќе се бранители на титулата ќе стартуваат на 5 август, а селекторот Попович освен новите шест кошаркари ќе може да смета уште и на Харисон Барнс (Сакраменто), Андре Драмонд (Детроит), Кајл Кузма (ЛА Лејкерс), Брук Лопез (Милвоки), Кајл Лаури (Торонто), Крис Мидлтон (Милвоки), Донован Мичел (Јута), Џејсон Тејтум (Бостон), Пи Џеј Такер (Хјустон), Мајлс Тарнер (Индијана), Кемба Вокер (Бостон).