Никола Јокиќ стана тек трет кошаркар од Европа кој ја освоил МВП наградата во НБА лигата. Германецот Дирк Новицки беше најдобар во 2006 година, а Гркот Јанис Антетокумпо претходните две години.

Српскиот центар во 2018-та година потпиша петгодишен договор вреден 147 милиони длари, а неговиот следен договор ќе биде најголем во историјата на кошарката, затоа што со МВР наградата добива можност да потпише супер максимален договор. Новинарот на ЕСПН, Боби Маркс објави дека Јокиќ од 2023 до 2028 година би требало да добие вкупно 241 милиони долари.

Во првата сезона од тој договор Јокиќ би заработил 42.6 милиони долари, а во последната, кога веќе ќе има 33 години би добил 54.8 милиони долари. Српскиот центар неколку пати порача дека сака целата НБА кариера да ја мине во Денвер и дека не планира да го менува клубот. Рекорден договор во моментов има Антетокумпо со Милвоки, каде ќе заработи 228 милиони долари за пет години.

Јокиќ како 41 пик на драфтот стана најниско избраниот пик кој успеа да ја добие МВП нагрдата. Оваа сезона во регуларниот дел од сезоната успеа да стигне до просек од 26.4 поени, 10.8 скокови и 8.3 асистенции. Го одведе својот Денвер и во полуфиналето од плеј офот на западот каде играат против Феникс.