Искусниот кошаркар Дарко Соколов и следната сезона ќе биде дел од кавадаречки Еуро Никел, откако успеа да се договори за продолжување на договорот со вицешампионот.

Поранешниот репрезентативец беше еден од најдобрите и најважните играчи во составот на Горан Самарџиев со просек од 15.1 поен, 6.2 скока и 3.8 асистенции на 28 натпревари.

Инаку Соколов беше желба на Работнички, но јасно е сега дека тој нема да се врати во Градски парк.

Ни