Кошаркарите на Бостон Селтикс по пауза од 8 години славеја на гостувањето кај Сан Антонио со убедливи 20 поени разлика, но оваа победа е во сенка по новата повреда на Гордон Хејворд. Имено, крилото на Бостон при еден потполно безопасен контакт заработи скршеница на раката и го очекува нова долга пауза.

Тој минатата сезона во првиот меч имаше страшна скршеница на ногата по што целата сезона ја пропушти. Ова е голем минус за Бостон, бидејќи Хејворд почна да ја враќа Ол Стар формата која ја имаше пред повредата ланската сезона.

Слична повреда сезонава доживеа Стеф Кари, поради која ќе ја пропушти цела сезона.