Македонската  машка кошаркарска репрезентација до 20 години доживеа нов убедлив пораз од Словачка во мечот за 15. место на Европското Првенство – Б дивизија што се игра во Португалија.

Нашите млади кошаркари беа надиграни од Словачка со 87-52, противник кој не порази и во групната фаза  со 64-46.

Павле Михајловски со 20 поени и Марко Анастасов со 19 беа најефикасните во нашиот навионален тим.

Освен двата порази од Словаците, македонските младинци загубија  од Белгија, Португалија, Естонија и Унгарија, додека единствено го победивме Луксембург.