Само што се врати на терените, Кевин Дурент  повторно се повреди и го чека нова пауза.

Првата ѕвезда на Бруклин Нетс се повреди на левата нога на синоќешниот дуел против Мајами Хит, кој неговиот тим го загуби со 109:107.

Дурент одлично го отвори натпреварот, постигна осум поени и го напушти паркетот по четири минути игра поради повреда.

Клубот соопшти дека Дурент ја напуштил играта поради контузија на левиот бут, но не беше прецизирано колку долго ќе паузира.

Да потсетиме, Дурент ја пропушти целата последна сезона поради пукната ахилова тетива.

Повредата на Дурент е нова главоболка кај Нетс, со оглед на тоа што Џејмс Харден веќе некое време е надвор од терените.