Челниците на Евролигата соопштија дека од сезоната 2022/2023 ќе биде воведен таканаречен „данок на луксуз“ сличен на оној во НБА лигата.

Евролигата сака да се доближи до најсилната кошаркарска лига во светот и да воведе пожестоки казни за екипите кои ќе потрошат повеќе од дозволениот износ на пари.

Сопствениците на клубовите ќе може да го зголемат буџетот за 40 проценти, плаќајќи се од својот џеб. На пример, екипата ќе може да има буџет од 14 милиони само ако приходите на клубот се 10 милиони.

Секоја екипа која ќе потроши повеќе од дозволеното ќе мора да плати пенали, односно таканаречен „данок на луксуз“.