На новото засилување на белградскиот кошаркарски клуб Партизан, Рашон Томас му се заканува десетгодишна затворска казна oткако крилниот кошаркар е уапсен во Тексас, во рутинска контрола на полицијата, откако во неговиот автомобил била пронајдена дрога.

Кај Томас биле пронајдени неколку пилули екстази, 3,5 грама марихуана и две шишиња масло од канабис.

Кошаркарот возел автомобил марка „киа оптима“, па веднаш штом ги отворил прозорците, полицаецот ја почувствувал марихуаната, затоа што кошаркарот ја користел во текот на возењето.

Американскиот кошаркар е пуштен од затвор со кауција од 32.000 долари, но ќе мора да се појави на суд затоа што против него е поднесена кривична пријава.