Селекторот на нашиот женски сениорски национален тим, Владимир Ѓоровиќ го објави списокот на 24. кошаркарки на кои ќе смета за претстојните натпревари од квалификациите за Евробаскетот 2021 година.

Согласно со календарот на Светската кошаркарска федерација, во ноемврискиот квалиификациски циклус, нашата женска сениорска репрезентација ќе одигра два натпревари.

На турнирот во Рига, како дел од групата „И“ во квалификациите за ЕП 2021 година, на 12. ноември, нашата најдобра женска селекција ќе го одигра натпреварот против репрезентацијата на Хрватска.

Два дена подоцна, на 14. ноември, избраничките на селекторот Ѓоровиќ ги чека и натпреварот против националниот состав на Германија.

 

СПИСОК НА КОШАРКАРКИ ЗА НОЕМВРИСКИОТ ЦИКЛУС НА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП

1. Нена Трајчевска

2. Aнџелика Митрашиновиќ (Будуќност Бемакс – Црна Гора)

3. Софија Лазареска (Милано Баскет Старс – Италија)

4. Матеа Николиќ (Кампо Бассо – Италија)

5. Ивана Кметовска (КАМ Баскет)

6. Катерина Поп Димитровска (КАМ Баскет)

7. Ивона Пејковска (Вардар)

8. Сандра Лазареска (Бадел 1862)

9. Драгана Јоловиќ (Бадел 1862)

10. Драгана Петковска (Работнички)

11. Сања Адамовска (Бадел 1862)

12. Наталија Секуловска (Бадел 1862)

13. Јована Петрушевска (Вардар)

14. Габриела Модева (Струга 2009)

15. Марија Димитријевиќ (Бадел 1862)

16. Матеја Атанасовска (Палаканестро Вигарано – Италија)

17. Цветанка Димова (Бадел 1862)

18. Елена Тасевска (Палаканестро Вигарано – Италија)

19. Ивона Кожобашиовска (Мерцеде Алгхеро – Италија)

20. Албина Пљакај (МЗТ Скопје Аеродром)

21. Стефани Костова (ЦД Промете – Шпанија)

22. Теона Поп Стојанова (Нео Баскетбал – САД)

23. Снежана Серафимоска (Дукесне Дукс – САД)

24. Девана Бонер (Конектикат Сан – САД)