Српскиот кошаркарски стручњак Игор Кокошков и официјално е нов тренер на Фенербахче. Веста ја потврди клубот на својот сајт.

Актуелниот селектор на Србија во турската престолнина ќе остане наредните три години.

„Навистина сум возбуден. Свесен сум за историјата и традицијата на Фенербахче. Исто така знам колку овој клуб има навивачи во светот. Можеме да кажеме дека Фенер е еден од најголемите спортски клубови во светот. Имам голема одговорност и ќе дадам се од себе“ – изјави Србинот.