Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда денеска и официјално е старо-нов шампион на Србија, откако беше одбиена жалбата на големиот ривал Партизан, за преигрување на четвртиот натпревар од финалната серија за шампионската титула кај нашиот северен сосед.

Во одговорот на жалбата се наведува дека „црно-белите“ имаат право во наведените аргументи, бидејќи Били Берон навистина направи чекори при постигнувањето на победничките поени, но како што се наведува во соопштението, според правилата на ФИБА судиски превид не може да значи и причина за поништување на натпреварот.

За големиот пропуст тројцата судии се казнети со по три меча суспензија како казна за нанесената штета на КК Партизан.