Ненад Димитријевиќ солидно ја започна сезоната во шпанската Ендеса во дресот на Валенсија која на домашен терен загуби од Басконија со 67:72.

Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ го имаше првиот официјален настап за Валенсија каде што летово се пресели од Хувентуд Бадалона.

Нашиот плејмејкер имаше солиден настап од девет поени за скоро 21 минута помината на паркетот, додаде три скока и шест асистенции.

Од неговите тимски колеги најефикасни беа Дубљевиќ со 14 поени, а по 12 имаа Пуерто и Тобеј. За Басконија доминираше Гиедраитис со 23 коша.

Во другите три меча од саботната програма Бреоган беше убедлив над Тенерифе со 92:73, Хувентуд Бадалона со 85:79 славеше против Билбао, а после едно продолжение Реал Бетис со 102:98 беше подобар од МораБанк Андора.