Почетокот на новата сезона во АБА но и во АБА 2 лигата наместо кон средината на септември ќе се случи најрано во октовмри.

Ова е одлучено на Собранието на регионалната лига поради лошата епидемиолошка ситуација со коронавирусот на балканот.

Исто така, не е познат ниту распоредот на натпреварите во двете конкуренции, па согласно со тоа нашите претставници во АБА 2 лигата, екипите на МЗТ Скопје Аеродром и КК Работнички, ќе мора да почекаат на дефинитивнито календар за сезоната 2020/2021.

АБА лигата беше прекината уште во месец март, поради пандемијата на вирусот КОВИД 19. Пред крајот на мај, Собранието донесе одлука натпреварувањето да не продолжи, без промоција на шампион, ниту пак испаѓање во понизок ранг на натпреварување.