Kоби Брајант и Ламар Одом долги години беа дел од тимот на ЛА Лејкерс и одлично функцираа на теренот, иако многу често нивните карактери се судираа. Сепак, тие двајца беа одлични пријатели, а Одом помина низ бурен период од животот по завршувањето на професионалната кариера. Одом беше зависник од дрога и алкохол, и пред пет години се најде во кома, период во животот во кој Брајант беше еден од луѓето кои му помогнаа најмногу. Тој по смртта на „црната мамба“ изјави дека жали за тоа што го нема Коби да му побара совет.

„Се навикнувам да живеам без мојот брат. Коби беше еден од првите што ме посети по предозирањето во 2015 година. Ме советуваше како да го подобрам мојот живот. Да можам би го прашал како да побарам прошка од фановите за тоа што ги заложив двата прстена“- изјави Одом.

Одом и Брајант во дресот на „езерџиите“ освоија два шампионски прстени во 2009 и 2010 година.