Медиумите во Америка тврдат дека клубовите и раководството на НБА се договориле сезоната да продолжи на 31 јули.

Оваа информација е потврдена од повеќе страни, комесарот на НБА, Адам Силевер се договорил со клубовите, последниот ден од јули да биде датумот за рестарт.

Адријан Војнаровски, новинар на ЕСПН и експерт за НБА, информираше дека на состанокот кој траел два часа, НБА и клубовите се договориле за рестарт бидејќи финансиските загуби се огромни.

Рестароѓтот може да значи изменет систем на натпревари, во опција е плеј-оф со 16 екипи.