Скопски Работнички во новата сезона ќе мора да се снаоѓа без најдобриот поединец во ростерот на тимот од Градски Парк, Чавдар Костов.

Бугарски, Левски успеа да го убеди, Костов повторно да игра во клубот со кој освои пет титули во бугарското првенство и три од Купот на Бугарија.

Ова преставува сериозен удар по амбициите на Работнички кој ова лето остана и без услугите на Бојан Крстевски, Бобан Стајиќ, Марјан Јанески, Димитар Караџовски и без искуството на Ѓорѓи Чековски.