Битолската прволигашка кошарка добива сериозен репрезент во КК Пелистер откако денеска беа потврдени ангажманите на репрезентативците на Македонија, Бојан Трајковски и Бобан Стајиќ.

Двајцата играчи оваа сезона која е прекината поради Ковид-19 ја поминаа во Гевгелија во екипата на Кожув.

Со ангажманот на нашите репрезентативци, Љупчо Малинков, предводникот на КК Пелистер добива потврда на амбициите на управата за составување на тим кој ќе се бори за титулите во домашното првенство и Куп.