Повремениот репрезентативец на Македонија, Адем Мекиќ одлучи да ја прифати понудата од Пелистер и во новата сезона да настапува за прволигашот од Битола.

Мекиќ остана без клуб откако Охрид се повлече од настапот во првата лига и ова добро го искористи Пелистер.

Постоела можност за враќање на Мекиќ во МЗТ Скопје но крилниот играч решил да ја прифати понудата од Пелистер.

Предходно за биточани потпишаа и Филип Думиќ, Зекири, Цветковски и Казарновски.