Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аеродром и во новата сезона ќе го предводи Ѓорѓи Кочов. Ова е одлуката на управата на „металците“ околу иднината на 34 годишниот Кочов на менаџерското столче.

„Останување на Кочов воедно е и потврда на заложбата на нашиот клуб за продолжување на стратегијата за форсирање на млади македонски кошаркари, кои и во следниот период ќе добијат шанса за промоција и за напредување. Популарниот Ѓоле веќе работи на формирањето на тимот за следниот период, со кој ќе се обидеме да го продолжиме трендот на остварување добри резултати како на домашна сцена така и во настапите во АБА2-лигата.“ – соопштуваат од МЗТ Скопје Аеродом.

Кочов минатата сезона го предводеше МЗТ Скопје до шампионската круна во доманошното првенство а беше и на чекор до пласман во АБА 1 лигата.