Македонскиот кошаркарски репрезентативец и еден од најперспективните млади играчи со македонско потекло, Ненад Димитријевиќ е позитивен на Ковид-19.

Хувентуд на почетокот од оваа недела потврди дека има петмина заразени со коронавирусот и сите беа испратени во изолација.

„Решението за самоизолација на нашиот репрезентативец завршува на 20. ноември, што е единствената добра работа во овој случај.Му посакуваме брзо закрепнување на Нено, со желба да го видиме во Талин, каде нашиот национален тим ќе ги игра наредните две средби од квалификациите за Евробаскетот во 2022 година.“ – информираа од КФСМ.