Српскиот кошаркарски прволигаш, Црвена Звезда ја официјализираше соработката со Драган Шакота кој е именуван за нов шеф на стручниот штаб.

Екипата од Белград по втор пат ќе ја предводи Шакота кој беше на оваа функција од 2005 до 2007 година. Тој доаѓа на местото на Милан Томиќ.

„Ваков предизвик чекав. Голем клуб кој настапува во Евролигата. Мислам дека составот е доба. Има позитигни работи во овој тим, мислам дека има добра селекција.“ – изјави Шакота на денешната промоција.