Управата на Зенит од Санкт Петерсбург официјално ја раскина соработката со шпанскиот стратег Жоан Плаза.

Зенит го раскина договорот со Плаза. До прекин на соработката дојде со договор. Му се заблагодаруваме на шпанскиот стручњак за се што направи за овој тим и му ја посакуваме сета среќа во понатамошната кариера – стои во краткото соопштение.

Тимот на Зенит оваа сезона доби покана од Евролига за настап во најелитното натпреварување и моментално се наоѓа на предпоследната позиција со 7 победи и 17 порази.

Предходните денови се шпекулираше кој би можел да го наследи Плаза, а како еден од главните фаворити за такво нешто се споменува поранешниот тренер на Барселона, Чави Пасквал.